Чест ми е што заедно со Министерство за внатрешни работи сме домаќини на Регионален форум на кој се изготвува „Регионален патоказ за борба против корупција и нелегални финансии“, организиран од Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал (УНОДЦ) во партнерство со Секретаријатот на Регионалната иницијатива за борба против корупција (РАИ), напиша на Фејсбук заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски.
Николовски преку својот фејсбук статус информираше дека во наредните три дена, ќе се обидат заеднички да ги дефинираат приоритетите за борба против корупцијата и нелегалните финансии во земјите од Западен Балкан.
– Со огромен ентузијазам сме во исчекување на усвојувањето на финалните документи на 25 јуни 2021. Ова е значаен чекор напред во борбата за која треба поддршка од секого и неопходна регионална соработка. Секој може да даде придонес, секој треба да тргне од личните постапки и да помогне да ја сопреме корупцијата, наведе Николовски.