На планините на северозапад врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира снежна покривка од 10 до 15 см.
Врнежи од снег ќе има и на некои повисоки места. Потоа во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со локална појава на краткотраен дожд, а дневните температури ќе бидат во пораст.
Прогноза за 15.10.2021
Минимална температура: 1°C до 8°C
Максимална температура: 5°C до 12°C
Облачно и студено со врнежи од дожд, на места пообилни, особено во југоисточните делови. Ќе дува умерен ветер од северен правец.
Прoгноза за 16.10.2021
Минимална температура: 2°C до 9°C
Максимална температура: 8°C до 16°C
Променливо облачно со сончеви периоди. Во источните делови ќе има локална појава на краткотраен дожд, особено претпладне. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.
Прогноза за 17.10.2021
Минимална температура: 4°C до 10°C
Максимална температура: 10°C до 17°C
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.