Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 8, а максималната ќе достигне до 24 степени.

Во Скопје сончево и релативно топло со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 22 степена.

Во следните денови ќе преовладува сончево време со студени утра и релативно топло преку денот. Утринската температура наместа ќе се спушта под нулата. Во четврток ќе дува засилен северен ветер, а дневната температура ќе биде во опаѓање.