Од овие пари, 14547 денари се трошоци за храна, 10.800 за сметки и домување, 2.378 за хигиена, 2.508 за превоз а останатите трошоци се за облека, култура и одржување на здравјето.
Во споредба со априлската пресметка на синдикатот животот станал поскап на сите полиња а вкупната вредност на кошничката во јуни е за 235 денари повисока од онаа во април.
Пресметките покажуваат дека една просечна плата од околу 28.500 денари не е доволна за да се покрие потрошувачката кошничка, ниту пак две минимални плати од 15.194 денари.