Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска во Њујорк ќе учествува на работната сесија „Поттикнување на растот во новата економија“, организирана од Светскиот економски форум.
Сесијата е дел од „Sustainable Development Impact Meetings 2026“, а разговорите ќе бидат насочени кон предизвиците и можностите за економски раст во новите глобални услови.
„Ќе разговараме за предизвиците и можностите за економски раст во новите глобални услови, со фокус на инвестициите, енергетската сигурност, одржливоста и конкурентноста“, напиша Димитриеска-Кочоска во објава на социјалните мрежи.
Таа нагласи дека е важно Македонија да учествува во глобалниот дијалог за политиките што ќе го обликуваат економскиот раст во следните години.
