Увид во состојбата на акумулацијата и во работењето на хидроелектраната Шпилје изврши Благојче Трповски, директор за производство на АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ).
– Самата исполнетост на езерскиот басен е сама по себе видлива и се надеваме дека 2021-ва ќе биде хидролошки добра година, дека ќе има врнежи, за разлика од 2020-та која ќе остане запаметена како хидролошки најлоша во последните 15 години, што влијаеше неповолно врз исполнетоста на езерата и акумулациите, а со тоа во значаен дел и врз домашното производство на електрична енергија, соопшти АД ЕСМ.
Посочува дека изминатиот месец, во текот на планираниот годишен ремонт во Шпилје, успешно беше реализиран значаен зафат – промена на преттурбинските пеперуткасти затворачи на агрегатите.