Градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски преку статус на Фејсбук пишува дека заедно со градот Скопје започнале со изградба на нов парк во населеното место Расадник.
-Денес заедно со Град Скопје започнуваме со изградба на нов парк кој ќе се протега на 3000 m2 во населеното место Расадник!
Она што до пред некое време беше депонија наскоро го претвараме во модерен урбан парк и ново прекрасно катче за граѓаните на Општина Бутел!
Паркот ќе содржи нови патеки за пешачење, посебен систем за наводнување, зимзелени и листопадни дрвца, нови летниковци како и содржини за најмладите.
Наскоро и фудбалското игралиште кое што се наоѓа во овој потег ќе биде комплетно реконструирано!
Го менуваме ликот на Општина Бутел!
Ветеното го реализираме !, стои во неговиот пост на Фејсбук.