Премиерката на Нов Зеланд ја даде оваа изјава додека нејзината земја е под притисок на западните сојузници, бидејќи одбива да ја критикува Кина во рамките на разузнавачкиот сојуз „Пет очи“.

Говорејќи на Кинескиот деловен самит во Оукланд, Ардерн истакна дека има прашања за кои Кина и Нов Зеланд „не се согласуваат и не можат да се согласат“.

Таа посочи дека овие разлики не ги одредуваат односите меѓу двете земји и оцени дека ова е предизвик со кој се соочуваат и другите земји во индопацифичкиот регион и во Европа.

Ардерн и министерката за надворешни работи Нанија Махута се залагаат за нова „независна надворешна политика“, која не е лојална на политиките на ниту еден голем геополитички блок.

Премиерката потврди дека Нов Зеланд ќе продолжи да го изразува својот став во духот на партнерството и истакна дека односите со Кина нема да бидат секогаш едноставни.