Нов Зеланд испрати 120 војници во Велика Британија за да помогнат во обуката на украинските војници, соопшти денеска Владата во Велингтон.
Обуката на околу 800 украински војници ќе се врши на една од четирите локации во Британија, а војниците од Нов Зеланд нема да патуваат во Украина, се појаснува во владиното соопштение.
„Бевме јасни дека нападот врз суверенитетот на една земја и загубата на невини животи не е прифатлив и не може да се толерира. Не само што ќе го осудиме овој напад со зборови, туку ќе обезбедиме и конкретна поддршка“, изјави премиерката Џасинда Ардерн.
Таа нагласи дека војската на Нов Зеланд нема да учествува во борбите во Украина.