На Меѓународниот аеродром Скопје денеска официјално ќе биде промовиран првиот лет од Скопје до Прага на авиокомпанијата „Визер“ со што оваа компанија на листата на летови од скопскиот аеродром додава уште една дестинација. Со тоа, скопскиот аеродром добива значајно проширување на своите услуги.
Новата авиолинија уште во јули ја најави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски објавувајќи дека е потпишан договор за пет нови дестинации од Скопје и тоа – Стокхолм – Скопје и Мадрид – Скопје од ноември и Бари – Скопје, Келн – Скопје и Прага – Скопје од декември.
На настанот денеска, според најавите, ќе присуствуваат генералниот директор на „ТАВ Македонија“ Неџат Курт, чешкиот амбасадор Јарослав Лудва, раководителот за комуникации во авиокомпанијата „Визер“ Андраш Радо и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска.
