Повторно се спроведува голема акција на Министерството за внатрешни работи.
Голема полициска акција против криумчарење на скапи возила
Припадниците на Министерството за внатрешни работи на Македонија утрово спроведуваат голема акција, при што се вршат претреси на повеќе локации во Скопје, Битола, Неготино, Дојран и Гевгелија.
Се работи за криминална група која се занимавала со криумчарење и фалсификување на скапи возила кои биле украдени во Европската Унија, а потоа префрлени и користени во Македонија.
Се работи за цела мрежа на криминалци
Според информациите на МКД.мк, полицијата интензивно работи на сузбивање на оваа криминална мрежа.
Подетални информации се очекуваат во текот на денешниот ден.