Од вчера и официјално, Владата објави оглас за набавка на 45 службени возила во кои ќе се возат премиерот, министрите и странските државници.
Но, автомобилите од марката „Фолксваген – Пасат“ нема да се купуваат туку ќе се изнајмуваат преку оперативен лизинг во нередните три години. Тоа ќе значи дека граѓаните за 36 месеци ќе плаќаат за рати за лизинг по најмалку 1.000 евра месечно, или околу 40.000 евра по возило за 36 месеци. Сума што приближно е иста колку што би чинело новото возилото да се купи од авто салон.
По три години 45-те возила наместо да останат во владата- ќе треба да се вратат назад на лизинг компанијата. Огласот вчера беше објавен на сајтот на Бирото за јавни набавки. Ова ќе биде четврти ваков тендер за девет години. А до сега се потрошени околу 4,6 милиони евра само за рентање на владините возила.
Од Комисијата за спречување на корупција велат дека ќе ги побараат документите од Службата за општи и заеднички работи и ќе видат дали изнајмувањето на возила од страна на Владата на неколку години е навистина исплатливо или пак е нерационално трошење на парите на граѓаните, како што предупредија дел од експертите.
Истиот ваков договор, склучен пред три години изнесува вкупно 109.411.560 денари или 1.779.046 евра.
Се поставува прашањето зошто Владата плаќа толкави огромни суми за краткорочно користење на возилата, кога истите може целосно да ги откупи за цените кои ги плаќа? Тоа што е уште поневеројатно е дека набавката доаѓа во време на најави од се поголема инфлација, граѓани погодени од пандемијата и се поголем број на населени западнато во сиромаштија.