Објавата е насловена “Вистината за 27 Април, Нинџа се договара со Кацарска и Русковска” и во неа се тврди дека Нинџа со непознато лице разговара за неговото сведочење во обвинителството за тоа кој стои зад настаните во собранието.
-Зошто не си го кажал Сашо или не си го повторил, она ме праша што мислиш, кој го организирал, јас и реков мислам радикални структури предводени од Сашо Мијалков.
И кажа ти, а? – Кој? -И кажав, чоече. -Зошто не го нападна тогаш? -Кој? -Мијалков. -Сакам да ти кажам, зошто јас кај што треба сум кажал, на обвинител. Кај … треба да го кажам на друго место?”, се вели во снимката.
Претходно претседателот Пендаровски на “Само интервју” на Канал 5 истакна дека лицаста осудени за 27 Април не се терористи. Тие според шефот на државата треба да одговараат за друго дело. Нови докази според Пендаровски можат да бидат причина з аповторување на процесот.
-Јас тврдам дека тие луѓе не беа терористи. Во поранешна Југославија и години по тоа го нарекувавме насилно уривање на уставниот поредок, значи не тероризам. Тие што физички напаѓаа луѓе си ги заслужуваат казните кои ги добија. Оние кои само влегле во зградата на собранието не можеш да кажеш дека се терористи, вели Пендаровски.
Дека судскиот процес може да почне од почеток смета и опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Партијата е со став дека главниот сведокк по аудио материјалот е сериозно компромитиран. Во Македонија како што истакнуваат се води хајка против неистомислениците наЗаев.
-Хистеријата која Заев сака да ја предизвика е поради стравот дека во едно повторено судење за случајот со „27 април“ може да излезат нови докази кои ќе фрлат нова светлина и нова вистина, а таа нова вистина е дека осудените сигурно не се терористи. Дополнително што за овој случај се појави и аудио материјал кој покажува дека главниот сведок на обвинителството е сериозно компромитиран. На крајот на краиштата кога можеше да се повтори судењето за случајот Монструм во кој свирепо беа убиени 5 лица, зошто да не се повтори и судењето на овој случај, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Социјалдемократите пак и натаму сметаат дека на 27 Април пред четири години се случи терористичко загрозување на уставниот поредок.
-Сите сме сведоци што беше пред 4 години. Дека беше нападнат домот на демократијата. За тоа веќе следеше судска постапка. Судот е тој кој што треба да одлучи дали се тоа терористи насилници, а веќе има одлучено, така да тоа е веќе завршена процедура во судството, рече Даниела Маркоска од СДСМ.
Вкупната казна за обвинетите за настаните во законодавниот дом е 188 години.
Извор: alfa.mk