Претседателката на антикорупциската комисија Билјана Ивановска, за Телма изјави дека предметот е отворен по допрен глас и по соопштението на Здружението на штедачи на пропадната Еуростандард банка.
Оштетените штедачи на пропадната Еуростандард банка обвинуваат дека фирмата Екопласт рисајклинг во сопственост на сопругот на Црвенковска, Зоран Црвенковски повеќе од две години не враќала рати од кредит на фирмата во висина од 1,6 милиони евра, но и дека нејзината ќерката била во кредитниот оддел на Еуростандард.
Црвенковска ги негира обвинувањата и тврди дека фирмата зела кредит во 2014-та, но поради криза 4 години подоцна морала да ги отпушти 50-те вработени и да бара стратетшки партнер во што не успеала до затворањето на Еуростандард, а нејзината ќерка работела во кредитниот оддел дури по забраната за давање на кредити. Фирмата која се споменува не е пријавена во анкетниот лист на Црвенковска, а според антикорупцинерите треба да биде запишан и имотот на брачниот другар.