Нови 123 случаи на Ковид-19 од направени 2.598 тестирања се регистрирани во последните 24 часа. Починати се 17 лица од кои најмладиот има 53 години. Оздравени се 3.803 пациенти.

Според податоците на Институтот за јавно здравје, половина од нив или 64 се во Скопје. Во Битола се регистрирани седум нови случаи, во Куманово 7, во Охрид 5, во Прилеп, Велес, Гостивар и Струмица – по 4, Тетово – 3, Штип, Струга, Кочани, Демир Хисар и Кратово – по 2. По еден нов случај има во Кичево, Гевгелија, Неготино, Свети Николе, Крива Паланка, Радовиш, Делчево, Виница и Македонска Каменица.

Од починатите, тројца се од Куманово (53г, 61г и 82г), по двајца починати има од Скопје (75г и 78г), Тетово (68г и 85г), Битола (62г и 94г) и Кочани (54г и 71г) и по едно починато лице од Прилеп (68г), Гостивар (72г), Охрид (78г), Струмица (77г), Радовиш (73г) и Виница (61г). Тројца се починати во домашни услови, а 14 во болнички услови.
Регистрирани се 3803 оздравени пациенти.

– Од вкупниот број на оздравени, 3564 се пријавени како позитивни во периодот 01.01-31.03.2021. Се работи за лица кои не се пријавени досега како оздравени до ИЈЗ, а кај кои се поминати 20 дена од позитивен резултат. Овие лица за време на болеста биле хоспитализирани или немале матичен лекар или се странски државјани па затоа не излегол предлог за оздравување во епидемиолошките служби на ЦЈЗ/ПЕ, информираат од Министерството за здравство.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 154.494, бројката на оздравени е 143.069, а на починати е 5.168. Досега, направени се вкупно 748.069 тестирања.

Бројот на активни случаи изнесува 6.257.
Дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 68165, активни 2650
Куманово 8759, активни 547
Прилеп 8255, активни 307
Тетово 7183, активни 244
Битола 6257, активни 446
Велес 5458, активни 185
Гостивар 5154, активни 136
Кавадарци 5141, активни 103
Охрид 4974, активни 290
Штип 4951, активни 146
Струмица 4092, активни 146
Струга 2969, активни 106
Кочани 2768, активни 95
Кичево 2526, активни 159
Гевгелија 2189, активни 67
Неготино 2177, активни 52
Свети Николе 1517, активни 68
Ресен 1233, активни 100
Крива Паланка 1217, активни 23
Радовиш 1129, активни 64
Берово 1026, активни 16
Делчево 964, активни 46
Дебар 938, активни 10
Виница 870, активни 95
Пробиштип 785, активни 17
Валандово 664, активни 12
Богданци 493, активни 18
Крушево 488, активни 34
Демир Хисар 396, активни 37
Демир Капија 396, активни 5
Кратово 363, активни 11
Македонски Брод 356, активни 1
Пехчево 266, активни 4
Македонска Каменица 243, активни 17
Дојран 132, активни 0.