Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 3.791 тестирања, а регистрирани се 386 нови случаи со Ковид-19: Скопје – 205, Куманово – 25, Битола – 18, Велес и Штип – по 16, Крива Паланка – 15, Струмица – 11, Охрид – 10, Тетово и Прилеп – по 9, Свети Николе – 8, Кичево, Кочани и Гевгелија – по 6, Валандово – 5, Кавадраци и Радовиш – по 4, Пробиштип и Кратово – по 3, Виница и Македонска Каменица – по 2, Гостивар, Богданци и Демир Хисар – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа починале осум лица од кои пет од Скопје (63г, 68г, 71г, 78г, 82г), по едно од Куманово (84г), Кавадарци (62г) и Македонски Брод (53г). Од пријавените лица седум се починати во болнички услови, а еден е во домашни услови, соопшти Министерството за здравство.
Регистрирани сe 529 оздравени пациенти од: Скопје – 313, Куманово – 37, Штип – 22, Кавадарци – 18, Велес – 15, Битола и Струмица – по 13, Тетово и Прилеп – по 12, Охрид – 9, Кичево, Крива Паланка и Свети Николе – по 7, Кочани – 6, Гевгелија – 5, Радовиш, Неготино, Кратово и Ресен – по 4, Виница, Гостивар, Струга и Дебар – по 3, Крушево – 2, Валандово, Пробиштип и Македонска Каменица – по 1.
Дополнително, согласно регистерот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој Термин“, пријавени се уште осум починати лица, со датум на смрт од 20.09.2021 до 03.10.2021 година. Регистрирани се пет лица од Скопје и по едно лице од Битола, Куманово и Охрид, на возраст од 34 до 83 години. Од пријавените лица, четири се починати во болнички услови, а четири во домашни услови.
Направени се 3.791тестови преку: ИЈЗ-263, ЦЈЗ Скопје-47, ЦЈЗ Битола-71, ЦЈЗ Прилеп-44, ЦЈЗ Тетово–56, ЦЈЗ Куманово-43, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-22, УК Пулмологија со алергологија – 2, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–225, Жан Митрев (Филип Втори)-105, Авицена-165, Биотек-229, Систина-99, лабораторија Лаор-87, Синлаб-29, Ремедика-13, Плодност–47, Генеа-8, Никоб лаб-403, ВФВ Медикал-50, Ели Медика-62, Ројал Медика –12, Спектра-ММ-1, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.708
Досега во земјата се направени вкупно 1.314.953 тестирања на Ковид-19. Вкупниот број Ковид-19 дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 194.231, бројот на оздравени пациенти е 176.807, на починати е 6.799, а на активни случаи изнесува 10.625
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 84672, Активни 5076
Куманово 11645, Активни 935
Тетово 10866, Активни 834
Прилеп 9123, Активни 279
Гостивар 7965, Активни 405
Битола 7168, Активни 246
Велес 6355, Активни 339
Охрид 6012, Активни 300
Кавадарци 5996, Активни 182
Штип 5830, Активни 236
Струмица 5787, Активни 232
Кичево 4003, Активни 350
Струга 3803, Активни 104
Кочани 3328, Активни 165
Гевгелија 2450, Активни 91
Неготино 2323, Активни 29
Свети Николе 1933, Активни 108
Ресен 1546, Активни 70
Радовиш 1542, Активни 74
Крива Паланка 1488, Активни 115
Дебар 1451, Активни 63
Берово 1214, Активни 20
Делчево 1127, Активни 61
Виница 1051, Активни 48
Пробиштип 934, Активни 40
Валандово 830, Активни 21
Кратово 597, Активни 61
Богданци 559, Активни 24
Крушево 529, Активни 18
Македонски Брод 474, Активни 28
Демир Хисар 452, Активни 34
Демир Капија 411, Активни 4
Пехчево 314, Активни 4
Македонска Каменица 313, Активни 28
Дојран 140, Активни 1.