Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги вчера донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,09 % во однос на одлуката од 12.05.2022 година.

Веќе од полноќ дел од горивата се продаваат по повисоки цени.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалија за 1,00 ден/лит, додека малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемија за 1,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,258 ден/кг и сега ќе изнесува 52,436 ден/кг.

Ова се актуелните цени на горивата:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 92,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 94,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 86,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 84,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 52,436 (денари/килограм)