Ситуацијата со водостопанството е навистина алармантна и не знам како министерот наоѓа време и собира храброст со неговото лицемерие додека се случуваат вакви ситуации во државата, каде на удар е целата идна реколта на праска, кајсија и лозов насад во Република Македонија тој да отпатува на државен трошок во Германија на Саем за вино, изјави Цветан Трипуновски претседателот на комисијата за земјоделство шумарство и водостопанство при ВМРО-ДПМНЕ, во вечерашното гостување во емисијата „Што не е јасно?“ на Телевизија Алфа.

-Додека министерот за земјоделие шумарство и водостопанство Љупчо Николовски користи луксуз на државен трошок, вработените односно целото министерство немаат земено плата. Денеска сме 16-ти мај а тие немаат плата земено за минатиот месец, посочи Трипуновски.

Трипуновски потенцираше дека ако не се реагира веднаш и сега, да се обезбеди на било кој начин вода до нивите тогаш оваа година земјоделците ќе останат без егзистенција. Полевањето ако задоцни, а потоа да се преплави со вода полето или овоштарникот со вода тогаш е џабе се.

Трипуновски истакна дека жалосно е што во државава за се треба да има протест, притисок и некаков атак врз власта за власта да се свести и да работат во интерес на граѓаните.

-Денеска АД „Водостопанство“ не може да подели плата, доколку не се на позајмици од лотарии и Влада итн. Ова значи дека Водостопанското претпријатие заедно со Министерството ништо не работи, кажа Трипуновски.

Трипуновски додаде дека ако сега не се испорача вода на полињата тоа значи дека ќе има директна штета врз земјоделските насади и овошки, помал принос, намалена односно никаква егзистенција за семејствата, а од друга страна субвенциите коишто треба да ги земат земјоделците односно лозарите и овоштарите фактурите без простување ќе им видат веднаш испорачани од АД „Водостопанство“.

-Ова се само првите земјоделски производи коишто се на атак на наводнувањето, во наредниот период и другите земјоделски култури ќе се соочат со истата ситуација. Ќе следуваат и закани дека нема исплата на субвенции ако не се плати надоместокот за вода, рече Трипуновски.