Трае потрагата по егзекуторите на Јетон Кривањева познат како Жила и Енес Исени – Љаци, кои ноќта во понеделник беа убиени во чаршиското кафуле „Шиша бар“. Од извори во истрагата, дознавме дека се извршени разговори со повеќе лица, исто така гледани се безбедносните камери и извршени се кримтехничките обработки на собраните докази, како што се чаури и други предмети кои се подигнати од лице место. Од МВР за Канал 5 велат дека под раководство на јавен обвинител преземени се сите мерки за расчистување на случајот.
„Влегле маскирани и извикале рација на Македонски јазик, се упатиле на вториот кат, каде испукале 40 до 50 куршуми за ликвидација на двете лица. За третото и повредено лице се уште не се знае, дали пукале да го онеспособат, или пак се одбил некој куршум во неговите нозе. Обдукцијата утврила дека речиси сите 50-тина куршуми завршиле во телата на убиените, потврди шефот на скопското ЈО- Гаврил Бубевски.
Тој изјави дека предметот е се уште во предистражна постапка, додека не се најдат сторителите или евентуално нарачателите. Во однос на мотивот, вели се истражуваат повеќе аспекти, но не исклчучува дека има некаква поврзаност на ова убиство со претходни престрелки.
„Во овој момент не можам повеќе да кажам освен дека се искристализирува дека се работи за позиции на нарко-пазарот кој што очигледно е многу битен за таквите структури. Како индиција може да се направи некаква конекција, меѓутоа тоа криминалистите сепак ќе треба да го испитаат и со конкретни форензички доказни материјали да се видат и од поранешни убиства кои се уште ги немаме расчистено дали можеби ќе се поклопат одредени чаури или оружје“, вели тој.
Инаку, како што е веке познато по извршената ликвидација, петмината маскирани од чаршискиот локал за само 15-тина минути со Аудито А6, стигнале на патот до Горно оризари, каде го запалиле. Се претпоставува дека на само неколку метри на обиколницата ги чекало друго возило со кое побегнале.