Реструктуирањето на општинските комитети и на партиската структура е речиси целосно завршено, изјави премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање по официјалното отворање на салата „Расадник“.

Можност за докажување на нови кадри

Мицкоски посочи дека околу 30 проценти од новиот состав го сочинуваат нови лица, кои добиваат можност да се докажат и да работат не само во интерес на партијата, туку и во интерес на државата.

Остануваат уште неколку детали

Според премиерот, остануваат уште мали детали што треба да бидат усогласени во текот на следната недела, по што процесот на партиско реструктуирање треба да биде заокружен.

Промени и во другите партиски структури

Покрај новиот состав на Извршниот комитет и изборот на нови претседатели на општинските комитети, освежувања се најавени и во Унијата на млади сили, Унијата на жени, Унијата на ветерани и во Патриотскиот институт.