Најизразена ваква појава, како што јавуваат возачи кои сообраќаат на оваа релација, повторно е делницата од село Очипала кон Баткова Чешма, но како што додаваат наноси од камења има и на останати места долж целиот патен правец.

Од подружницата на ЈП „Македонија пат” истакнаа дека дежурните екипи се на терен и работат на санирање на критичните точки. Поради влажниот терен и можноста од нови наноси апелираат на почитување на сообраќајната сигнализација и внимателно возење долж овој патен правец.