Во своето обраќање на конференцијата на Унијата на млади сили беше најавена нова мерка за младите луѓе во државата. Според презентираниот план, брачните двојки на возраст до 35 години ќе бидат целосно ослободени од плаќање комуналии при изградба на сопствен семеен дом.
„Втората мерка за млади до 35 години е за секој оној кој ќе гради дом или своја куќа каде што ќе го гради своето семејство, преку закон повторно пред македонскиот парламент ќе донесеме одлука со којашто општините нема да плаќаат комуналии“, рече Мицкоски.
Законодавната одлука ќе има универзална примена и ќе се однесува на граѓаните на целата територија на Македонија без исклучок меѓу локалните самоуправи.
„За куќа, за брачен пар до 35 години општините нема да наплаќаат комуналии. На цела територија на Македонија. Не еден процент субвенција во каматната стапка, не два процента, не три проценти. Нула комуналии за сите брачни парови до 35 години што ќе се одлучат да градат куќа, свој дом“, нагласи Мицкоски.
Ова законско олеснување е дел од најавениот пакет од три суштински мерки за младите, чија примарна цел е долгорочно надминување на предизвиците поврзани со егзистенцијата и трајното решавање на станбеното прашање.
