Се договоривме да биде 15 денари, рече министерот за животна средина, Насер Нуредини во интервју за ТВ Сител, говорејќи за најновата цена на биоразградливите кеси во продавниците и маркетите.
Според него, идејата на цената на овие кеси не е околу вредноста на кесата.
-Идејата на кеса од 10 денари е да се обидеме да ги мотивираме граѓаните да не ги користат пластичните кеси. Тие не се разградливи едноставно во природата. Тие се распаѓаат и ја загадуваат почвата и водата. Идејата не е цената, туку да се користи помалку пластика. Ние гледаме на 10-те денари како на 15 центи и тоа е цена која ќе мотивира помалку да се користат, смета Нуредини.