Оваа мерка е во рамки на Програмата за домашен туризам за работници со ниски приходи 2021 и предвидува издавање на потврди-ваучери за туризам во вредност од 12.000 денари за лица со ниски примања. Нив ќе можат да ги користат во категоризираните хотели лоцирани во туристичките центри во Македонија кои претходно се пријавени во Министерство за економија.
За реализација на оваа мерка се предвидени 15 милиони денари.
Јавниот повик ќе трае до 30 јуни и до овој рок сите граѓани кои ги исполнуваат условите, односно немаат приходи повисоки од 30.000 денари ќе може да се пријават и да добијат ваучер. Ваучерот за користење на средства за организиран одмор ќе може да се искористи најдоцна до 30 ноември 2021 година.