Минималната температура ќе се движи во интервал од 9 до 16, а максималната од 14 до 20 степени.
Во Скопје ќе биде претежно облачно со повремен дожд и со слаб до умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе биде околу 15, а максималната до 18 степени.
Ваквото време ќе се задржи до петок кога претпладне ќе има повремен локален дожд со послаб интензитет, а попладне ќе настапи постепено стабилизирање на времето.
За време на викендот и во првите денови од следната седмица ќе преовладува сончево време со умерена облачност и со пораст на дневните температури