Времето ќе биде променливо облачно со намалена облачност попладне и озобено во јужните делови. Врнежи со помал интензитет ќе има и преку ноќта кога ќе завршуваат повлекувајќи се кон југ и исток. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, особено вдолж Повардарието кој на места ќе достигнува над 60км/ч. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната од 5 до 13 степени.
Во Скопје, променливо облачно и ветровито со умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде 3, а максималната ќе достигне до 12 степени.
До четврток ќе дува засилен северен ветер (повремено со над 60км/ч). Утринските температури ќе бидат се пониски, а најстудено ќе е во петок наутро. Нови врнежи се очекува да започнат во текот на викендот кога ќе дува јужен ветер.