Претпладне облачно со локални врнежи од дожд, попладне променливо облачно и свежо. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, најизразен долж Повардарието.
Утринските температури ќе се движат од 6 до 16 степени, а дневните ќе бидат во интервал од 11 до 22 степени.
Во Скопје во утринските часови со врнежи од дожд, преку денот променливо облачно и ветровито. Ќе дува засилен ветер од северен правец. Максимална дневна температура од 17 степени.
Времето денес и утре ќе биде претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Дневната температура ќе опадне за повеќе од десет степени.