На денешното судско рочиште за предметот од СЈО, таканаречен Талир 2, завршни зборови изнесуваше одбраната.
Адвокатите на одбраната истакнаа дека еден од клучните причини зошто треба да падне случајот, е затоа што предметот е покренат на незаконски начин и истиот е поднесен по истекот на рокот на право на обвинителите на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) да поднесуваат обвинителни акти илио да покренуваат предистражни постапки.
Согласно законот за СЈО, кој во македонското Собрание е донесен на 15 септември 2025 година, се предвидува дека обвинителите имаат рок од 18 месеци за покренување на постапки од моментот на преземање на материјалиа под нивна надлежност.
Одбраната посочи дека обвинителите на СЈО, материјате кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите, ги преземаа на 30 декември 2015 година, додека обвинителниот акт за преметот Талир 2 е поднесен на 22 ноември 2018 година, што претставува истекување на законски предвидениот рок за поднесување обвиненија за 16 месеци и 22 дена.
-Јавниот обвинтел кој раководи со јавното обвинителство може да покрене обвинение или да нареди запирање на истражна постапка во период не подолг од 18 месеци од денот на преземањето на предметите и материјалите под негова надлежност. Во согласност со член 23 од истиот закон е предвидено дека овој закон влегува во сила истиот ден од неговото објавување, а тоа е 15.09.2015 година, според кој крајниот рок за поднесување и покренување ново обвинение истекува на 18 месеци од денот на преземањето на предметите и матерјалите во негова надлежност. Со оглед на предметите и материјалите под надлежност на обвимнителството предвидено со овој закон се преземени на 30.12.2015 година, рокот од 18 месеци е истечен на ден 30.06.2017 година. Обвинителниот акт по кој постапува овој суд е поднесен на ден 22.11.2018 година, поради кој постои протек на рок за поднесување на обвинителниот акт од 16 месеци и 22 дена, истакна меѓу другото адвокат на одбраната во своите завршни зборови.