Цели 72 часа Јавното Обвинителство не го апси функционерот на СДСМ кој извршил упад во правосудството за сериозен случај на убиства.
Со тоа на Андов му се дале најмалку три дена да ги скрие трагите од случајот за кој може да заврши во затвор.
Пред два дена expres.mk објави дека се случувал огромен скандал во затворот ,,Шутка”, за кој брифираат извори од управата за извршување на санциии.
Андов седи на левата страна.
Изворите велат дека дека ако се спроведува законот МВР и Обвинителството мора веднаш да го уапсат директорот за затворот Филип Андов – Сокол кој е кадар на Ковачевски а преходно беше советник на екс премиерот Зоран Заев за Скопје.
Според изворите во иста ќелија биле двајца луѓе осомничени за инволвираност во ист настан, двојно убиство, што значи дека управата на затворот со знаење им дала иста ќелија во која можат да се договараат како да настапат пред обвинителството и судот.
Притворениците се поврзани со двојното убиство во Шиша Бар во Старата турска чаршија. Едниот притвореник Дритон Малиќи е човекот кој од Урошевац го купил возилото што се користело за трансфер на убијците во Урошевац.
Повеќе прочитајте на Expres.mk.