Внукот на Љубе Бошкоски бил киднапиран. Според официјални информации уапсени се две лица за кои полицијата открила дека имале контакт со исчезнатиот Самоил и тоа откако му се изгуби трага во близина на чешката амбасада во Скопје.

Од Обвинителството за А1он го потврдија случајот.

 

 

„Основното јавно обвинителство Скопје до судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје денеска достави предлог за определување мерка краткотраен притвор во траење од 48 часа за две лица за кои постои сомнение дека со своите дејствија учествувале во кривично дело – Грабнување од член 141 од Кривичниот законик.

Во интерес на постапката, Јавното обвинителство не е во можност да сподели повеќе детали во овој момент.“ изјавија од Обвинителството за А1он

Според досегашните информации 26 годишниот С амоил Костадиновски исчезнал на 04.03.2023 го пријавил неговиот брат. На местото каде е последен пат виден е пронајден неговиот автомобил, а неговиот телефон беше недостапен. Неговите пријатели тврдеа дека е киднапиран бидејќи од местото каде е последен пат виден заминал со други лица и со нивниот автомобил, а веќе им кажал дека има проблеми со одредени лица.

МВР разговараше со сите очевидци но беа проверувани и сите безбедносни камери од околните објекти со цел да се потврди тврдењето дека Самоил заминал со други лица. Според нашите информации токму снимките од камерите и дале траг на полицијата кои водел до апсењето вечерва на двете лица.

На кој начин тие се инволвирани во апсењето ќе покаже истрагата, засега тие се задржани според член 141 од Кривичниот законик – грабнување, што значи или имаат информации за исчезнувањето на Самоил или директно тие се сторителите – истрагата ќе покаже

Самоил Костадиновски е син на братот на сопругата на Љубе Бошкоски. Таа потврди дека е исчезнат нејзиниот внук.