Цената на гасот во Европа незапирливо расте, се искачи на 1.200 долари за 1 000 кубни метри.

Новата цена го урна историскиот рекорд од пред три дена дена, при што скокна на скоро 1.200 долари за 1 000 кубни метри.

За пораст на цената придонесе тоа што протокот на гас преку гасоводот Јамал-Европа, кој се протега од Сибир во Русија до Германија, рано утрово се намали за три пати. Протокот на гас преку овој гасовод изнесуваше 2,2 милиони кубни метри на час во четвртокот, додава руската агенција ТАСС.

Инаку, Унгарија и Хрватска од денеска добиваат руски природен гас преку гасоводот Турски тек. Информацијата ја објави руски Газпром.