Денеска ќе се исплаќаат пензии во висина до 11 илјади денари, утре до 14 илјади денари, задутре до 18 илјади денари. Во петок во филијалите и експозитурите на банките ќе се исплаќаат пензии во висина над 18 илјади денари.

– Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од 28 септември (вторник). Тие можат да ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања. Етапното процесирање на пензиите ќе овозможи спроведување на препораките и мерките за спречување и ширење на вирусот, со оглед на тоа што пензионерите како возрасна група се најранливи, велат од Министерството за труд и социјална политика.