Македонската женска ракометна репрезентација вечер во 1. коло на Европското првенство 2024 ќе се соочи со Шведска. Натпреварот се игра во „Феникс Арена“ во Дебрецин.

Во А-групата ќе играат и селекциите на Турција и домаќинот Унгарија.

Селекторот на Македонија, Кристијан Грчевски, шансата за подобар резултат ја гледа на дуелот со Турција, додека на средбите со Шведска и Унгарија очекува максимално залагање на неговите избранички и стекнување искуство потребно за нивната понатамошна кариера.

-Шведска е апсолутен фаворит. Ние сакаме да се претставиме во добро светло. Наша главна цел е натпреварот со Турција каде гледаме шанса за освојување бодови, изјави Грчевски.

Пласман во втората фаза на Европското првенство ќе обезбедат двете првопласирани репрезентации