Репрезентацијата на Аргентина нема да му ја додели легендарната десетка на Лионел Меси на друг фудбалер за претстојните пријателски натпревари против Уругвај и Костарика. Според информациите, селекторот Лионел Скалони одлучил бројот кој Меси го носеше речиси две децении да остане без сопственик, барем засега.

Причината за ваквата одлука лежи во правилата според кои на пријателските средби не е задолжително играчите да ги носат броевите од 1 до 11. Новиот сопственик на дресот со број 10 ќе биде познат дури во 2027 година, кога Аргентина ќе продолжи со официјалните натпревари во квалификациите.

Како еден од главните кандидати за преземање на култниот дрес се издвојува Нико Паз, кој во моментов игра во одлична натпреварувачка форма во италијанскиот клуб Комо. Покрај него, меѓу потенцијалните наследници на вредниот број се споменуваат и Алексис Мекалистер, Енцо Фернандес и младиот талент Франко Мастантуоно.