Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалија за 0,50 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за изменување на одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 07.04.2021 година.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менува, односно останува на исто ниво како што била утврдена со одлуката за изменување на одлуката од 07.04.2021 година .
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намали за 0,513 ден за килограм и сега ќе изнесува 34,266 ден за килограм, известува Регулаторна комисија.
Од 13.4.2021 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати изнесуваат:
За Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 цената е 67,00 денари за литар, цената на моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 изнесува 69,00 денари за литар.
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) сега се продава по цена од 58,00 денари за литар, масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) се продава по цена од 57,50 денари за литар.
Цената на мазутот М-1 НС изнесува 34,266 денари за килограм.
Во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи во просек бележат намалување: кај бензинот за 1,044%, кај дизелот за 0,121%, кај екстра лесното масло за 0,031 % и кај мазутот намалувањето е за 1,2 %, велат од РКЕ.