Во изминатите 24 часа во Црна Гора, пет лица починаа како последица од инфекција со коронавирус, така што вкупниот број на смртни случаи достигна 2.005.
– Црна Гора не е надвор од светскиот просек кога станува збор за смртност од коронавирус, но за земја со мал број жители тоа е 0,3 проценти од вкупното население, што е големина на некои црногорски градови, како што се Шавник, Петњица, Жабљак, изјави пензионираниот епидемиолог Новица Вујошевиќ.
Во Црна Гора, околу пет илјади луѓе се заразени со Ковид-19, од кои околу 100 се наоѓаат на оддели за интензивна нега.
Најмладата жртва на коронавирусот во таа земја е 19-годишна девојка од Никшиќ, која почина во вторникот во Клиничкиот центар во Црна Гора.
Земјата досега вакцинираше речиси 50 проценти од возрасната популација, а неодамна здравствените власти препорачаа жителите да примат трета доза од вакцината, пет месеци по ревакцинацијата.
Епидемиолошките мерки усвоени од црногорските здравствени власти обврзуваат носење заштитни маски на отворено и во затворени простории, а само вакцинираните лица и оние со негативен ПЦР тест им е дозволено да влезат во кафулиња и ресторани. Забранети се и масовни собири на граѓани.