Црногорската полиција објави што пронашла кај телото на Михаил Николаевич Шабунин (30), рускиот државјанин осомничен за убиството на тројца вработени на стрелиште во близина на Даниловград во понеделникот.

Фотo: Црногорската полиција

Два пиштоли и повеќе од 230 куршуми муниција се пронајдени во шумата над Херцег Нови, за кои полицијата се сомнева дека ги зел од стрелиштето по убиствата.

Фотo: Црногорската полиција

Полицијата пронашла и мобилен телефон, таблети и други предмети. Сè ќе биде испратено на форензичка анализа, а истрагата продолжува во координација со Вишото државно обвинителство во Подгорица.

Фотo: Црногорската полиција

Шабунин е осомничен за убиството на Петар Глобаревиќ (24) и Немања Капор (20) од Подгорица и Момир Радоњиќ (67) од Даниловград околу 16 часот и 45 минути во понеделникот, 31 август, на стрелиштето „Чешка збројевка“. Сите тројца работеа на стрелиштето.

Фотo: Црногорската полиција