Станува збор за повеќе од 50 прехрамбени производи, од 25 категории чија референтна цена за намалување ќе биде од 1ви август- најави министерот за економија Крешник Бектеши. Листата на производи ќе биде објавена утре, а на неа, Бектеши вели дека ќе може да се најдат речиси сите прехрамбени производи од пекарската, месната и млечната индустрија. Намалувањето ќе се прави по производ, а не според производителот увозникот или дистрибутерот.
Бектеши апелира до производителите и трговците кои нема да се најдат на листата да се пријават во Министерството со цел да се вклучат во намалувањето на цените и на таков начин да ја добијат ознаката „гарантирана цена“. Најави и средба со производителите и дистрибуитерите на пијалоци, со цел следната одлука и тие да бидат вклучени во намалување на цените.
На утрешната владина седница, Бектеши најави и корекција во однос на одлуката за забрана на акции. Вели дека дополнителни акции од 10те најавени проценти ќе бидат дозволени, но за да не се доведуваат граѓаните во заблуда при акција на производ пред истек на рокот, тој да биде соодветно означен.
-Мене ми беше важно граѓаните да не бидат во заблуда. Откако ќе бидат ставени одредени акции, граѓаните купуваат, одат дома и гледаат дека производот има рок од два дена, а тоа е дополнитлеен трошок на купувачот. Акции дополнителни од овие 10 проценти ќе бидат дозволени. Мора да се наведе
Мерката која се очекува да биде донесена утре на Владина седница ќе важи до 30-ти ноември. Бектеши вели дека листата на намалени прехрамбени производи е направена според подтоци од Државниот завод за статистика кои покажуваат кои производи се трошат најмногу на ниво на земјата.