Од утре престануваат да важат мерките кои Градот Скопје ги донесе за спречување на загадувањето на воздухот во главниот град. Од утре ЈСП продолжува да вози по нормалниот возен ред и мерките ќе бидат укинати, објави ТВ21.
Според градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, дополнителни мерки нема, бидејќи тие се лимитирани.
Прашана за колку загадувачи се изречени казни, Арсовска вели дека се прават лабораториски мерења и податоци се добиваат за пет до седум дена. Таа посочи дека во изминатите две години биле направени само пет надзори за животна средина.
Ќе направме се што е во наша надлежност – вели Арсовска, додавајќи дека имаат луѓе на терен кои постојано работат на контрола на индустриските капацитети.
Таа најави дека во наредните два месеца ќе има повеќе вонредни инспекциски надзори.
Сите индустриски капацитети ќе ги исконтролораме, ако имаат обврска да си стават филтри ќе си стават, ако сакаат да загадуваат во континуитет ќе бидат казнувани. Постапуваме и кај малите загадувачи – порачува Арсовска.
Градоначалничката информира дека за два месеци расчистиле 120 диви депонии и најави драконски казни за загадувачите.