Како што стои во нивната фејсбук објава, направена е обиколка во село Нов Истевник, Делчевско, каде пожарот е веќе локализиран.

– Дистрибуирана е флаширана вода, 21 пакет вода од 1,5 литар, за месното население кое во моментот нема чиста вода за пиење поради дефект на водоводната линија, се вели во објавата.

Водата е дистрибуирана од мобилниот тим на Црвен крст на Општинска организација Делчево.

Во рамките на хуманитарните акции, Црвен крст – Скопје, пак, во соработка со Рамстор, организира и пунктови на кои може да се донира конзервирана храна, тестенини, шеќер, сол, како и хигиенски материјали, шампони, сапуни, детергент за алишта, средства за дезинфекција.

Како што информираат оттаму, пунктовите за собирање ќе бидат на инфо пултовите во самите Ramstore маркети во Capitol, City и Ramstore Mall од 9 до 13 август.

Собраните донации Црвен крст ќе ги достави таму каде што е најпотребно.