Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денес оствари координативен состанок со директорот на Државниот пазарен инспекторат, Влатко Стојкоски, и министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши.
На состанокот, дискутирале за досегашните активности што се преземени од надлежните институции. На состанокот се разгледала опсежна анализа на сите субјекти кои се регистрирани како кабаре, дискотеки, ноќни клубови и слични објекти.
Владата најави дека започнува теренска контрола на сите овие субјекти. Тоа ќе вклучува детални проверки на нивната регулативна усогласеност и безбедност.
Очекувањата се дека контролните активности ќе донесат конкретни информации и заклучоци по завршувањето на теренската проверка, која започнува утре.
Извор: Република