Почнува реализацијата на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила за македонското здравство. Возилата од денеска им се достапни на граѓаните, информира премиерот Христијан Мицкоски преку објава на социјалните мрежи.

Мицкоски соопшти дека започнува реализацијата на проектот со кој здравствениот систем ќе добие 100 нови амбулантни возила, наменети за подобрување на здравствените услуги и унапредување на итната медицинска помош.

 

„Од денес достапни за граѓаните. Почнува реализацијата на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила во македонското здравство“, објави премиерот.

Проектот е дел од активностите за обновување и модернизација на возниот парк во здравството, со цел да се подобрат условите за работа на медицинските екипи и да се овозможи побрза и поефикасна помош за пациентите.

 

Како што е најавено, премиерот денеска ќе присуствува на промоција на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила на паркингот на СЦ „Борис Трајковски“.