На Филозофскиот факултет на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје на 24 ноември ќе се одржи настан посветен на за животот и делото на Никос Казанѕакис.

Дали знаевте дека Јоргис Зорбас, што беше инспирација за познатиот роман на Никос Казанѕакис „Алексис Зорбас“, е погребан на гробиштата Бутел во градот Скопје?

Амбасадата на Грција во Скопје, Канцеларија за јавна дипломатија, во соработка со Меѓународното друштво на пријатели на Никос Казанѕакис (ΔΕΦΝΚ), организираат настан за животот и делото на Никос Казанѕакис на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, на 24 ноември 2023 во 12.30 – 13.45 часот.

Настанот, кој е отворен за јавноста, ќе го поздрават Ратко Дуев, декан на Филозофскиот факултет, Софија Филипиду, Αмбасадор на Грција во Република Македонија, Јоргос Стасинакис претседател на ΔΕΦΝΚ и Шериф Лужа, раководител на ΔΕΦΝΚ во Македонија. Програмата на настанот вклучува проекција на документарен филм за Музејот на Н.Казанѕакис и говори за животот и делото на големиот писател од страна на членовите на координативниот одбор на ΔΕΦΝΚ и претседателите на филијалите во Кина и Грција, Елена Аврамиду и Катерина Зографисту.

Потоа е предвиедно да се посети гробот на Зорбас на гробиштата Бутел.

Настанот се одржува во рамките на Меѓународната научна конференција „Средби и текстови на Казанѕакис за странски писатели и уметници“ (Центар на историја на Тесалоники, 25-26 ноември 2023 година), по повод 140 години од раѓањето на Никос Казанѕакис и 35 години од формирањето на ΔΕΦΝΚ.