По спектаклот Македонија – Англија, на кој нашите момци одиграа 1:1, повторно се затвара Националната Арена „Тодор Проески“ во Скопје, пренесува СпортСпорт.

Како што пишува медиумот, целта е да се сочува новиот тревник кој беше платен од страна на Фудбалската федерација на Македонија, со оглед на тоа дека беше поставен и ќе му треба време да се зацврсти, па така сега засега нема шанси, барем до март, да се играат натпревари на него.

Ова значи дека и покрај барањата на Работнички и Вардар своите мечеви да ги играат на Арената, тоа нема да се случи, па затоа и двата клуба бадијала прават планови, до март ќе мора да ја заборават Арената.

Па така и Работнички и Вардар и натаму ќе мора да си бараат алтернативни терени. Клубот од Дебар Маало во недела како домаќин ќе го пречека Гостивар на теренот на ФФМ, додека Вардар во ова коло му гостува на Силекс, а во среда во меч од 16.коло дома игра со Струга ТЛ и тоа на Маџари.