Аптека на подрачјето на општина Петровец била ограбена откако едно лице насилно влегло во објектот и одзело пари и други предмети.
Кражбата се случила во периодот од 21 часот на 26 јули до 6:30 часот на 27 јули, кога случајот бил пријавен во СВР Скопје.
Според пријавеното, сторителот влегол во аптеката со употреба на погоден алат и физичка сила.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.
