– ЦДУ и ЦСУ (Христијанско-демократската унија и сестринската Христијанско-социјална унија) не само што ги загубија гласовите, тие всушност добија порака од граѓаните дека повеќе не треба да бидат во владата, туку во опозиција, истакна Шолц денеска во седиштето на неговата партија СПД.
Конзервативците веруваат дека и тие би можеле да формираат нова коалициска влада, иако на вчерашните избори го постигнаа својот историски најлош резултат.
– Гласачите јасно кажаа дека следната влада треба да се формира со зајакнување од трите партии – социјалдемократите, екологистите и либералите на ФДП, нагласи 63-годишниот Шолц, кој е актуелен вицеканцелар и министер за финансии во владата во заминување на Ангела Меркел.