На 100 метри слободно до златото дојде Ема Мекион, среброто беше за Сјобан Бернадет Хауи од Хонг Конг, додека на пидесталот се искачи и Кејт Кембел од Австралија.

Евгени Рилов на 200 метри пеперутка постави нов олимписки рекорд, пливајќи за време од 1:53.27, што беше 14 стотинки подобро од досегашниот рекорд. Второто место за Рајан Марфи од САД, трет Лук Гринбек од Велика Британија.

На трката на 200 метри мешано златото го освои Кинезот, Шун Ванг кој до златниот медал стигна со време од 1.55.00 минута, што е нов азиски рекорд. Како сребрен заврши Данкан Скот од Велика Британија, додека бронзата му припадна на Швајцарецот, Жереми Депланше. Олимписки рекорд постави и Кејлеб Дресел во полуфиналето 100 метир пеперутка. Тој исплива за време од 49.71 секунди.