Египет ја разгледува кандидатурата за домаќин на Олимписките игри во 2036 година, изјави денеска министерот за млади и спорт Ашраф Соби на состанокот со претставници на Интернационалниот олимписки комитет (ИОК).
„Претседателот Абдел Фатах ал-Сиси даде согласност за кандидатурата на Египет за домаќин на Олимписките игри во 2036 година“, рече Соби.
Тој денеска разговараше со претседателот на ИОК Томас Бах.
„Египет има силна спортска инфраструктура и ако може да биде домаќин на Олимпијадата, тоа ќе биде историско за него“, рече Бах.
Египетските спортски претставници на почетокот на септември објавија дека разговараат со претставници на Грција и Саудиска Арабија за заедничка кандидатура за домаќин на Светското првенство во 2030 година.
Во последните три години во Каиро се организираа бројни светски првенства меѓу кои и бепе и ракометниот Мундијал минатата година.