Претседателот на Фудбалска федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, јавно реагираше на изјавите на поранешниот селектор Игор Ангеловски, кој остро ја критикуваше федерацијата по изборот на нов селектор на сениорската репрезентација.

„Недолична реакција на ден на промоција“

Омерагиќ истакна дека денот на промоцијата на новиот селектор требало да биде обележан со поддршка и обединување, а не со јавни напади. Според него, човечки и спортски било да се даде поддршка на избраното решение, нагласувајќи дека при секој избор постојат повеќе опции, но се избира една.

Лични амбиции пред интересот на репрезентацијата

Првиот човек на ФФМ оцени дека Ангеловски во конкретниот момент ги ставил личните амбиции пред интересот на репрезентацијата. Тој нагласи дека федерацијата нема лични интереси и дека неговиот ангажман е про-боно, додавајќи дека реакцијата на Ангеловски била избрзана и некоректна. Омерагиќ посочи и дека последните тренерски ангажмани на Ангеловски биле краткотрајни, што, според него, зборува само за себе.

Ова е на иста релација со изјавата на Горан Пандев:

„ПОМИНА ВРЕМЕТО НА ШУТО И РОГАТО“: Мрме „распали“ по ФФМ дека им се важни само личните интереси, Пандев жестоко му одговори

Изборот на Седлоски и затворено поглавје

Омерагиќ откри дека лично двапати разговарал со Ангеловски и дека тој бил еден од кандидатите за селекторската позиција, но дека одлуката паднала на Гоце Седлоски поради, како што рече, новата енергија што ја носи. Тој додаде дека поранешниот селектор првично изразил подготвеност повторно да работи во федерацијата и јавно да ја поддржи одлуката, но дека неговите подоцнежни изјави не се во фокусот на ФФМ.

Игор Ангеловски ја водеше репрезентацијата до 2021 година, по што беше наследен од Благоја Милевски, а сега селекторската функција ја презема Седлоски.