Агенциите на Обединети нации денеска побараа од донаторите 4,4 милијарди долари хуманитарна помош за Авганистан.
Средствата се потребни за обезбедување иднина за земјата по преземањето на власта од страна на талибанците и повлекувањето на американските трупи.
Милиони Авганистанци се во опасност од глад, бидејќи земјата е погодена од една од најлошите суши, што е пропратено со економска криза по враќањето на талибанците минатата година.
Според ОН барањето за помош, кое изнесува речиси една четвртина од бруто домашниот производ (БДП) на Авганистан, е највисоко досега побарано за една земја и трипати поголема од сумата што ја добиле во 2021 година, кога беше соборена владата поддржана од САД.
– Ова е апсолутно неопходна мерка што денеска ја ставаме пред меѓународната заедница, изјави шефот за хуманитарна помош на ОН, Мартин Грифитс.